Американката Ла Ру Драмонд од Њујорк последните четири години ги нема исечено своите нокти. Имено, нејзин животен сон е да има најдолги нокти на светот, а оваа желба ја добила кога видела еден преубав маникир на рацете на жена која всушност, не ја познавала.
Ноктите на оваа Американка во моментот се долги 56 см, секојдневно се грижи за нив, а целиот процес на нега досега ја чинел над 10 илјади евра.
-Кога бев мала ги грицкав ноктите, но со одлучност и поддршка од своето семејство, успеав да ја искоренам таа навика, вели Ла Ру.
Оваа необична дама не ги одржува сама своите нокти, туку редовно оди во козметички салон. Жената која се грижи за нејзините нокти веќе со години наназад, таа ја нарекува „кралица на маникирот“.
„Целосно ѝ верувам, има едно посебно ниво на креативност. Кога доаѓам јас во салонот, таа тој ден ги прави само моите нокти бидејќи ѝ се потребни околу осум часа“, истакнува жената.
Таа не се грижи за коментарите кои ги добива од околината.
„Моите нокти се дел од мојата личност, ако некој ми „пукне“ а не може да се поправи, мене би ми било многу жал“, додава Ла Ру.
Таа нагласува дека предолгите нокти апсолутно не ѝ пречат и нормално си ги извршува секојдневните работи, а работи како дадилка.
Извор: stil.kurir.rs