Брат и сестра, близначиња од Канада, биле родени во 22-та недела од бременоста и со тоа влегле во Гинисовата книга на рекорди како најрано родени близнаци некогаш.
Како што пренесе Би-Би-Си, Адија и Адриал биле родени во 126-от ден од бременоста, а доколку се роделе еден час пред почетокот на 22-та недела од бременоста, лекарите воопшто немало ни да се обидуваат да ги оживеат. Бременоста вообичаено трае околу 40 седмици, што значи дека овие близначиња се родиле 18 недели порано. Нивната мајка Шакина Раџендам рекла дека породувањето почнало во 21-та недела и пет дена докторите ѝ велеле дека шансите за преживување на бебињата, се еднакви на нула. Тоа било нејзина втора бременост, откако неколку месеци претходно таа го изгубила првото бебе.
Таткото Кевин пак, изјавил дека во болницата им рекле оти нема да можат да им помогнат во една таква рана фаза од бременоста. Имено, повеќето болници не се ни обидуваат да ги спасат бебињата кои се раѓаат пред 24-тата недела, но за среќа родителите успеале да се „преместат“ во друга болница во Торонто која има специјалистичка единица за интензивна нега на новорденчиња.
И покрај обилното крварење, мајката издржала уште неколку часа за да влезе во 22-та недела од бременоста, по што лекарите можеле да реагираат. Водењакот ѝ пукнал петнаесетина минути пред полноќ, а за помалку од два часа откако блегла во 22-та недела, таа се породила. Близнаците сега имаат една година, и покрај сериозните здравствени проблеми.
„Неколку пати ги гледавме нашите бебиња на работ на смртта“, изјавила мајката Шакина.