Таткото на холивудскиот актер Ричард Гир, Хомер Џорџ Гир, почина на 100-годишна возраст.
Тажната вест ја потврди сопругата на Ричард Алехандра Гир на Инстаграм.
Таа напишала дека Хомер живеел убав и исполнет живот и дека е посветен да им помага на другите.
Роден е на 7 мај 1922 година во малото гратче Бруклин, Пенсилванија. Уште во основно училиште, ја запознал љубовта на својот живот, Дорис Тифани, со која се оженил во 1945 година по враќањето од Втората светска војна.