Вечерва се случило двојното убиство во близина на кафе барот „Шиша бар“ во Чаршија.
Медиумите информираат дека биле убиени две лица, а според засега непотврдени информации се работело за лица добро познати на криминалното подземје.
МВР се уште не соопштува детали за убиствата, во тек е увид на местото. Не е познато дали жртвите биле нападнати или имало престрелка со убијците.