Почина деветмесечното бебе кое минатиот месец во тешка здравствена состојба беше донесено од Куманово на Детската клиника во Скопје, по што беше префрлено во болницата во Козле. Бебето беше неухрането и болно од туберколоза, а лекарите информираа дека тежело само три килограми.
Мајката на бебето лани имала туберколоза и се лекувала на Институтот за белодробни заболувања, но по сомнежот дека е заболено и бебето, таа повторно беше хоспитализирана.
Инаку, станува збор за предвремено родено дете, за кое надлежните се уште проверуваат дали било запоставувано.