Телото на десетгодишната Мукадес Ерве Акташ било пронајдена на гробиштата за деца без родители, откако при земјотресот таа била извлечена од под урнатините во Кахраманмараш и со возило на Итната медицинска помош била пренесена во болница.
Нејзиниот татко Абдула Акташ ја барал цели 26 дена, а во разговор за турските медиуми изјавил дека нејзиното тело го нашол на гробиштата за сираци.
„Многу сум тажен“, изјавил таткотo.
Во земјотресот во Кахраманмараш, Акташ бил заробен под урнатините со своето семејство, откако била уништена нивната куќа. Тој бил спасен десет часа по земјотресот, а неговата ќерка Мукадес шест часа подоцна. Под урнатините за жал, животот го загубиле неговата сопруга Ајше Бетул (30), другата ќерка Зумра (4), неговата сестра Озлем Акташ (24) и нивната роднина Икра Сума (21).
Абдула Акташ живеел во куќата која ја наследил од неговиот татко во Кахраманмараш, а откако дознал дека неговата ќерка Мукадес Ервe е спасена, тргнал во потрага. Од врата на врата, 26 дена ја барал ќерка си, но немало никаква трага од неа. Девојчето со возило на Итната помош било пренесенo во болница. По тој ден, за Мукаддес немало никакви информации, но на крај се дознало дека таа починала во болницата , по што е закопана на гробиштата за сираци.
Приказната за малата Мукадес Ерве не е единствената таква во Турција. Турските медиуми постојан пренесуваат информации за бројните деца од кои нема ни трага ни глас откако биле спасени од под урнатините.
Земјотресите кои на шест февруари во раните утрински часови ги погодија Сирија и Турција доведоа д смрт на неколку десетина илјади луѓе.