Правниот тим на Бојан Јовановски – Боки 13 денеска до медиумите испрати медицински потврди и конзилијарни мислења врз основа на кои тврди дека тој во затворот нема услови за лекување и третман.
-Ја информираме јавноста дека е констатирано и утврдено дека во затворот, односно во пенални услови не постои ниту начин, ниту постојат услови за неопходно лекување и третман на Бојан Јовановски. Од страна на 11 доктори од Итната помош која доаѓала секојдневно во затворот констатирано е дека препишаната терапија од отпусното писмо од 17.02.2023 година нема услови целосно да се спроведе во затворски услови и да се аплицира и дека на лице место во затворот е утврдено од 11 лекари дека нема услови и можност за спроведување и примена на неопходниот хигиено-диетски режим – се наведува во денешното соопштение од працвниот тим.
Адвокатите на Јовановски посочуваат дека за она што е утврдено од докторите од Медицинската итна служба, изготвени се писмени потврди од самите доктори со нивни печат и потпис. Овие докази се доставени до Основниот кривичен суд каде се уште трае жалбената постапка за барањето за прекин на ден 02.03.2023 година, доставени се и до Управата за извршување на санкции на ден 03.02.2023 година, како и специјалистички контролен извештај од 01.02.2023мгодина од ЈЗУ УКХБ св.Наум Охридски.
Тие нагласуваат дека нивната постапка со која бараат прекин на служење на казната поради неможноста да му се пружи соодветно лекување во затворот трае веќе четири месеци, иако станува збор постапка од итен карактер.
-Овие докази кои ги доставуваме до медиумите и до јавноста ја покажуваат тортурата на дело, па оттука гласно го поставуваме прашањето кој ќе сноси одговорност за оваа организирана и координирана хајка и најважно од се е кој ќе сноси одговорност доколку настанат компликации кои директно може да резултираат со смртоносни последици по животот на Бојан Јовановски, бидејќи од сето приложено и сега докажано на лице место во затворската установа од 11 лекари дека нема услови за лекување и третман во затворот, велат од правниот тим.
-Апелираме и истакнуваме барање до сите надлежни органи, а особено до сите домашни и меѓународни институции и организации за заштита на човековите права веднаш да преземат активности и дејствија во рамки на своите надлежности, со цел да се спречи оваа незапаметена тортура и флагрантно кршење на загарантираните човекови права кој согласно Устав ги има и осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13 – додаваат во денешното соопштение.