Нема повредени откако синоќа се запали „пасат“ на патот во близина на беровското село Русиново. Според информациите од СВР Штип, синоќа (02.03.2023) околу 19.40 часот на локалниот пат Берово-с.Русиново, на место викано „Шатевица“, атар на с. Русиново, настанал пожар во патничко возило фолксваген ,,пасат“ во движење, управувано од Д.Т.(49) од Берово. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Берово.