„Не размислував за ништо друго освен да им помогнам на моите сограѓани“. Со овие зборови, 18-годишниот Ангелос Циамурас за весникот „Пелопонис“ опишува што му се вртело низ главата додека се обидувал да им помогне на спасувачите да ги лоцираат неговите сопатници во кобниот патнички воз, кој се судри со друг комерцијален, во вторникот вечерта кај Темпи, Грција.
За време на викендот, 18-годишникот со своето друштво бил на карневалот во Патра. Судбината сепак го доведе лице в лице со смртта.
Тој бил во шестиот вагон од кобниот патнички воз.
-Почувствувавме три потреси, едниот послаб од другиот и веднаш ја сфативме опасноста во која се наоѓаме“, изјави тој за „Пелопонис“ и додаде: „Не размислував за ништо друго, освен дека морав да им помогнам на луѓето. Заедно со мојот пријател Јоргос истрчавме до вагоните 3 и 4 за да спасиме што повеќе луѓе и заедно со спасувачите успеавме да извлечеме 16 лица. Сè што можев да размислувам е дека морам да спасам уште еден човек. Ништо друго! Адреналинот погоди црвено. Во вагонот број 3 видовме многу мртви. Не можевме ништо да направиме. За жал, пожарот беше многу проширен.
Првиот вагон веднаш се распаднал, додека вториот веќе бил уништен од пожар.
-Јас не сум херој, не ме нарекувајте така. Едноставно си ја вршев должноста кон луѓето. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на починатите. Се надевам дека државата сега ќе ја преземе својата одговорност, за да не се повторат слични трагедии во иднина, вели младиот Ангелос.
„Беше пеколно“, вели 18-годишникот опишувајќи ги трагичните моменти од судирот.
-Бев во шестиот вагон, таму ударот беше многу мал и никој не беше повреден. Кога сите излеговме, веднаш влегов до петтиот и продолжив кон четвртиот вагон за да помогнам да излезат што повеќе луѓе. Потоа заедно со уште едно дете отидовме до најтешкато погодениот вагон во моментот – во вагонот бр. 3, продолжи со раскажувањето.
-Во третиот вагон успеавме да спасиме најмалку 5 лица кои беа во многу тешка состојба. Она што сакам да го кажам е дека спасувачкиот тим на ЕМАК беше малку некоординиран. Морав да им покажам каде треба да одиме. Сакаа прво да ја видат ситуацијата, а потоа да дејствуваат. Немаше вода и кислород да им се даде на луѓето кои беа во третиот вагон“, вели младиот човек.
„Беше пекол… Моравме да ги извадиме луѓето од третиот вагон што е можно побрзо, но ништо не можевме без ножици и механизми што ги имаа спасувачите од ЕМАК. Конечно успеавме некако… Не знам дали некој се јави. ЕМАК пристигна многу брзо…“, додаде тој.
Во трагичната железничка насреќа загинаа 57 патници и над 80 повредени. Најавено е формирање на Специјален комитет со задача да ги утврди системските проблеми и неисправности кои доведоа до трагедијата.
typosthes.gr