Пред власта да склучи договор со една градежна фирма за продолжување на работата на автопатот Скопје – Блаце истата го продава хотелот во нејзина сопственост на Попова Шапка од 278м2 на фирма блиска до Груби. Цената по која фирмата блиска до Груби го купува хотелот е само 55.000 евра, кога ќе се пресмета цената за која е купен квадратен метар се добива сума од 200 евра.
Ова во денешното соопштение го тврди партијата ВМРП ДПМНЕ, која прашува како е можно сите зделки кои се поврзуваат со луѓе околу Груби да се склучуваат и 20 или 30 пати под цена?
Партијата го повика Обвинителството да го испита купувањето на вреден имот под цена на луѓе околу Груби, кое за ВМРО ДПМНЕ е крајно симптоматично и мора да подлежи на истрага.