Барменот Вања Головски ќе ја претставува земјава на Светското првенство на бармени во Рим.
Тој победи на 14. Државно првенство на бармени, што во организација на Здружението на бармени на Македонија, се одржа денска во хотелот „Мериот“.
Второто и третото место го освоија Никола Анастасијески и Дејвид Кузманов, а наградата за најдобра техника Никола Ефремов.
На натпреварот учествуваа 17 бармени од повеќе градови од земјава.