За приватниот живот на еден од најмоќните политичари на денешницата, Владимир Путин, многу малку се знае.
Имено, познато е дека со поранешната сопруга Људмила тој има две ќерки – Марија и Катерина. Но односот на претседателот Путин со наводните љубовници не престанува да ја интригира јавноста. Посебно внимание привлекуваат приказните за романсата на Путин со хигиеничарката, Светлана Кривоногих. Во декември 2020-та година беше откриено дека Путин наводно со неа ја добил ќерката Елизавета во 2003 година.
Како што пишуваа странските медиуми, Светлана поради тоа станала милионерка и косопственик на голема руска банка. Во нејзината биографија е наведено дека учела на Универзитетот за економија и финансии во Санкт Петербург, а дипломирала во 2000 година. Во 2020-та година пак, било обелоденето дека презимето на Елизавета наводно е Владимировна и дека нејзината мајка поседува значителен имот вреден неверојатни 3,1 милиони фунти, вклучувајќи и импресивно уреден стан во Санкт Петербург.
Истражувачкиот новинар, Андреј Закхраов од Би-Би-Си Русија пред неколку месеци на својот Твитер профил сподели низа фотографии од станот на Светлана кој привлекува внимание уште на прв поглед.
„Нешто малку и да не е за војната. Светлана Кривоногик изнајмува стан во Санкт Петербург за 700 илјади рубљи месечно. Се работи за стан во зграда во која има 20 станови, а во нив се сместени исклучиво пријателина Путин. Оваа објава содржи фотографии од ентериерот. Но бидете мнгу внимателни, можеби ќе се шокирате – напиша новинарот во описот на објавата, алудирајќи на неверојатниот „кич“.
Немного не про войну.
Тут Светлана Кривоногих сдает квартиру на Каменном острове в Петербурге за 700 тысяч рублей в месяц. Это тот самый дом на 20 квартир, в котором поселились сплошь друзья Путина: Ротенберг, Шамалов, Ковальчук.
В объявлении есть интерьеры. Но берегите глаза. pic.twitter.com/CEr4pO8DdK
— Andrey Zakharov (@skazal_on) April 7, 2022
Захаров откри дека станот има четири кара, вклучувајќи и подрум, а дури постои и лифт.
„Пријателство“ со Алина Кабаева
Гимнастичкарката Алина Кабаева никогаш официјално не потврди дека била во љубовна врска со Владимир Путин, кој исто така никгаш не се огласи во врска со оваа тема. Меѓутоа,
престижниот Moscow Correspondent, на основа на бројните гласини во 2008 година ја објави нивната венчавка на векот. Сметајќи го тоа за голема навреда, претседателот на Русија го затвори медиумиот само десет дена по ваквата објава. Од друга страна, во следните 15 години Алина добиваше многу скапи подароци и имаше голема поддршка од соработниците на Путин, а тоа во континуитет будеше сомнежи за нивното пријателство.
Медиумите информираа дека Кабаева добила луксузен недвижен имот од блиските на Путин. Повикувајќи се на официјалните информации од Rosreestra, федералната руска агенција задолжена за организација на единствениот државен регистер за права на недвижнини и трансакции, Dossier укажува дека Кабаева, нејзината баба, мајка и сестра, поседуваат вкупно десет станови во Москва и Санкт Петербург, како и земјиште и викендички близу Москва. Се проценува дека вкупната вредност на овие недвижнини е околу 2,5 милијарди рубљи или повеќе од 39 милиони долари.