Данијела Мартиновиќ има ново момче.
Сплитската пејачка веќе извесно време е во врска со криминалистичкиот инспектор Јосип Плавиќ.
Според Данијела, таа се запознала со Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел жалба за кражба на идентитет преку Интернет пред околу една година. Полицијата брзо го решила случајот, а пејачката и инспекторот продолжиле да се дружат.
„Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, ставови за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа“, рече Даниела за Глорија.
Ова е прва јавна врска на Данијела Мартиновиќ откако во 2021 година ја прекина 24-годишната врска со Петар Грашо. Неколку месеци подоцна беше објавено дека Грашо е во врска со Хана Хуљиќ, а набрзо се дозна дека парот ќе се венча. Грашо и Хана се венчаа на почетокот на 2022 година, а истата година станаа родители на малата Алба.
Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ се запознале во 1995 година на Дора во Опатија, а две години подоцна започнале врска. Двојката ретко можеше да се види заедно во јавност, а тие постојано нагласуваа дека на нивната врска не и треба брак за да останат еден со друг.