Астрологот, Ана Ракиќ ги анализираше хороскопите на политичките лидери, Владимир Путин и Володомир Зеленски.
Таа прво направи и осврт на хороскопот на српскиот претседател, Александар Вучиќ за кого смета дека во следниот период е заштитен.
„Претседателот е роден на петти март. Неговиот хороскопски знак е риба, а во подзнак е рак и во наредниот период тој е заштитен. Според Мунданата астрологија, важен датум е седми март бидејќи Сатурн влегува во соѕвездието Риби и тогаш некои луѓе ќе решаваат важни животни прашања“, вели Ракиќ.
Според неа, Путин има многу добар хороскоп.
„Путин е планетарно заштитен. Тој е вага, а во подзнак е скорпија. Добива вистински и добри информации, има добри советници и сите ги слуша“, изјави астрологот.
Ракиќ изјави дека Зеленски има доста интересен хороскп, но не за политика.
„Неговиот хороскоп покажува дека има предизвици и се занимава со акции кои за него се целосно погрешни. Хороскопот покажува дека приказната не оди во добар правец за него“, додаде Ракиќ.