Според некои информации во медиумите, принцот Хари и Меган биле принудени да се иселат од својот дом во Велика Британија и оваа куќа да му ја „предадат“ на принцот Ендру.
Еден од инсајдерите во ова кралско семејство, смета дека ова ќе значи сигурен крај за престојот на Хари и Меган во кралството. Принцот Ендру наводно се спротивставува на преселбата во Фрогмор Котиџ, додека младиот пар бил немоќен за да ја запре преселбата.
Фрогмор Котиџ иако во превод значи „колиба“ повеќе личи на палата, со пет спални соби. Таа беше реновирана во 2018-2019 пред да се вселат Хари и Меган, а реновирањето чинеше 2,4 милиони фунти. За принцот Ендру во меѓувреме се зборува дека останува одлучен во својата желба да остане на поголемиот имот во Виндзор, но можеби ќе биле приморан да оди доколку се точни гласините дека неговиот постар брат одлучил да ги намали годишните трошоци за одржување. Кралските стручњаци велат дека принцот мора да се соочи со реалноста и да почне да живее во рамките на своите можности.
„Време е Ендру да почне да живее согласно своите можности, а не да очекува дека луѓето ќе го субвенционираат неговиот луксузен начин на живот. Ако не може со свои пари да плати за закуп на недвижен имот, би требало да биде иселен и да се пресели на некое многу помало место – смета Норман Бејкер, стручњак за финансии на кралското семејство.