Компанијата која ја основал владиката Петар, во вторникот на седница на АВМУ, доби дозвола за телевизиско емитување. Не се работи за верска телевизија, туку за телевизија со претежно забавен општ формат, или со други зборови од се’ по малку.
Петар Каревски како што е световното име на владиката Петар, е основач на компанијата Друштво за производство туризам промет и услуги ДПТУ „Преобразба“. Компанијата чие седиште е во Скопје во општина Гази Баба, и е со дејности на производство на филмови, видеофилмови и телевизиска програма.
Според објаснувањето од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, правното лице со добивањето на дозволата за емитување на телевизиска програма преку кабел има рок од 1 мај да почне со емитување на програмата. Со документите што се доставени до АВМУ, засега не се дадени детали, како тимот кој ќе работи и слично. Овие информации дополнително ќе бидат доставени.
Откако новата телевизија ќе започне со работа, АВМУ во период по 30 дена ќе ја провери исполнетоста на условите.
Доделувањето на телевизиска дозвола на компанијата чиј основач е владиката Петар е по пат на конкурс, на испразнето место по затворањето на некогашната телевизија Амазон.
Телевизијата ќе зрачи на регионално ниво Скопје, што ги опфаќа градот Скопје и општините Чучер сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште, на правното лице Преобразба”.Телевизискиот програмски сервис ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс.
В.К.