Според првичните информации на македонското Министерство за надворешни работи, во трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случила близу градот Лариса во Грција, нема информација дека меѓу загинатите или повредените во несреќата има и македонски државјани.
-Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде чекаме и официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа, соопшти МНР.
Доколку некој наш државјанин има потреба од итна асистенција,МНР сподели контакти, за кои вели дека се отворени 24 часа, на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732.
Во тешката железничка несреќа во Лариса, досегашниот биланс на загинати е 38, додека 85 се повредени, од кои 66 се задржани во болница. Шестмина се на интензивна нега.