Кучe трагач ги пребарува смачканите вагони во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, каде животот го загубија најмалку 36 патници, а 85 се повредени во железничката несреќа што се случи пред полноќ. Од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз. Во болниците се згрижени 66 од повредените, од кои шест на Одделенија за интензивна нега.
На Железничката станица Нов Солун рано се собраа родители на патниците на кобниот воз IC62, кој сообраќаше на релација Атина – Солун. Некои успеаја да разговараат со преживеаните, кои опишаа слики на ужас:
„Косата ми се запали, мамо. Не знам како успеав да излезам“.
Друга мајка која сè уште не можела да стапи во контакт со својата ќерка, залудно се обидува да најде информации за тоа каде се наоѓа своето дете.
Од Новата железничка станица пет автобуси ги превезат патниците од местото на несреќата до Солун. Повеќето од нив во шок се симнаа од автобусот и паднаа во прегратките на своите роднини, плачејќи.
-Тоа беа неколку секунди што изгледаа како еден век“, вели еден од првите спасувачи што пристигна.
-Мислев дека ќе умрам“, вели млад човек кој се возел зад предните вагони кои биле зафатени од пламен. Како што опиша, прво почувствувал потрес, а потоа ги видел предните вагони како „брзаат“ кон него. Успеал да излезе од вагонот по неколку удари врз него.
Некои немале толкава среќа и како што рекле, морале со куферот да го скршат прозорецот на вагонот за да излезат или пак нашле дупка.
– Вагонот беше наведнат за 45 степени. Имаше масло низ целиот под и некои луѓе се лизгаа обидувајќи се да излезат“, опиша друг.
Кога излегле, виделе хаос, луѓе во паника, а предните вагони веќе биле зафатени од пламен.
Излегувајќи од автобусот, млада жена падна во прегратките на мајка си, која со часови ја чекала. Успеале да излезе благодарение на колегата кој ѝ помогнал. Заедно со неа се симнале и полесно повредените со дамки од крв на лицето и облеката, кои биле упатени во амбулантите кои биле на лице место да им укажат помош.
Меѓу спасените има и една млада жена која се уште не може да поверува на својата среќа. Како што истакна, нејзиното седиште било во вториот вагон. Таа, сепак, во последен момент избра да се префрли на шестиот вагон и така успеа да побегне.
Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина – Солун директно се судрил со товарен воз.
Во Општата болница во Лариса, каде што се превезуваат сите загинати од судирот на двата воза во Темпи, е министерот за здравство, Танос Плеурис, кој кажа за состојбата на повредените.
-Повредените се во добра состојба. Им ги читаме имињата на роднините на починатите, а почна и идентификацијата. Донесовме психолози за поддршка. Тоа е застрашувачки процес, се трудиме да завршиме што е можно побрзо, изјави Плеурис.
Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис утрово соопшти дека акцијата е фокусирана на првите два вагони кои што се превртени, а се интервенира со помош на четири специјални кранови.
извор: Катимирини
видео: онлариса.гр