Замрзната е цената на векна бел и полубел леб на 33 денари по леб со тежина од 450 грама и повеќе. За леб со помала тежина цената се ограничува до 33 денари по леб, со цена која ќе биде во сооднос на тежината лебот. Ова се одлуките на денешната седница на Владата, што ги соопшти премиерот Димитар Ковачевски.
-Антикризните мерки не ги донесовме за едни да плаќаат, а други да се богат. Мерките не беа донесени да удрат по џебот на граѓаните, на штета на граѓа, а корист на поединци. Субвенциите беа донесени со цел да им се намалат цените на основните производи. Крајна цел беше помош на граѓаните, изјави Ковачевски.
Одлуката стапува на сила утре, со објавата во Службен весник. Цената на лебот останува замрзната до 31 мај годинава.
Пекарите вчера се заканија дека доколку бидат донесени овие мерки, тие ќе престанат да работат и леб на пазарот нема да има.