Кејт Мидлтон денес живее во раскош и ужива во активностите на кралското семејства. Сепак, таа во минатото не се двоумела да ги „засука ракавите“ и да ги работи најтешките работи.
Кејт Мидлтон со причина е дел од омилените членови на кралското семејство. Секогаш со ведар дух, насмеана и отворена…се само некои од квалитетите со кои таа брзо ги освои симпатиите на Британците, а потоа и на луѓето од целиот свет.
„Девојката од народот“ никогаш не се двоумела да ги „засука ракавите“. Таа не е родена во свила, иако нејзиното семејство живеело нормално. Тоа го покажува и нејзиното вистинско CV, кое последниве денови ги заинтригира медиумите. Во нејзината биографија нема ниту една дамка и нејзините поранешни работодавачи за неа имаат само пофални зборови. Дури и кога работела исклучително тешки физички работи таа не се жалела, иако била платена мизерно.
Првата работа на принцезата од Велс било како асистентка во пристаништето Оушн Вилиџ во Саутемптон. Имено, пред да замине да студира во Шкотска каде што и го запознала идниот маж, принцот Вилијам, Кејт прифаќала слабо платени работи. Кога било потребно, таа помагала околу бродовите, а како што пренесоа странските медиуми, поради тоа таа „мирисала на риба“. Нејзините претпоставени подоцна истакнале дека работата била тешка, но Кејт била професионална и таа успеала да се вклопи
Нејзиниот претпоставен, Кал Томилсон изјавил дека Кејт секогаш била пристојна и самоуверена, убава, а и многу скромна.
„Беше љубезна и полна со почит кон секој кој беше задолжен за неа. Беше многу уредна и кај неа се беше под конец“, додал тој.
Работела и како келнерка
Кога почнала да студира, Кејт одреден период работела и како келнерка, а за ваквото искуство раскажа во 2019-та година кога гостуваше во телевизиското шоу A Berry Royal Christmas. Во еден момент, водителката Мери Бери подготви безалкохолен коктен, кој ѝ го даде на Кејт за да им го однесе на гостите. Во тој момент Кејт се пошегува: „Ова ме потсетува на моите универзитетски денови кога малку работев како келнерка“.
Кога Мери ја праша дали била добра во таа работа, Кејт се насмеа и искрено одговори: „Не, бев ужасна“.
Откако дипломирала, Кејт која тогаш веќе била девојка на принцот Вилијам, ја добила својата прва работа во голем ланец во модната индустрија. Со само 24 години, таа работела за големиот бренд Jigsaw, од каде потврдиле дека Кејт е дел од нивниот тим.
„Можеме да потврдиме дека Кејт му се придружи на нашиот тим пред две или три недели како купувач на дополнителна опрема за Jigsaw и Jigsaw Junior. Понатаму не можеме да коментираме“, беше наведено тогаш во официјалното соопштение.
Покрај тоа, Кејт помагала и за време на модните снимања каде работела разни работи, па дури носела чај и грицки. Во периодот кога таа била ангажирана од Jigsaw, брендот бил во сопственост на модните тајкуни Џон и Бел Робинсон, блиски семејни пријатели на Мидлтон.
Во тоа време, нивното соопштение за јавноста беше меч со две острици, бидејќи не се очекуваше дека жената која еден ден ќе биде кралица, некому ќе му служи чај и грицки, поради што многумина ја сметаа за недостојна за круна. Сепак, Кејт остана таму се’ до 2007 гдина, кога го напушти брендот за да им помага на родителите со семејната фирма. И покрај напуштањето на работата за овој бренд, Кејт остана голем обожавател и во јавноста често се појавуваше во нивни парчиња облека. Таа во семејната фирма работеше како добавувач на украси за прослави, а компанијата беше во сопственост на нејзината мајка Керол Мидлтон.
Компанијата била основана во 1987 година, кога Керол барала инспирација за прославата на петтиот роденден на својата ќерка Кејт. Сфатила дека има празнина на пазарот и така основала компанија за родителите кои немаат време ниту лесен избор на детали за прославите на нивните деца. Иако тоа на почетокот било мал проект, компанијата на семејството Мидлтон денес е солидна компанија со околу 49 вработени и работат на меѓународно ниво.
Освен како добавувач, Кејт работела и како дизајнер на веб страницата, но и како фотограф на производите. Таа ја напуштила семејната фирма во јануари 2011, само неколку месеци пред венчавката со Вилијам.