Канаѓанецот Стивен Антал од Онтарио по трет пат во последните пет години освои голема награда на лотарија.
Жителот на Ошава редовно игра игри на среќа веќе 20 години, а овој месец освои 550.000 канадски долари (403.000 американски долари) на Биггер Спин.
Тоа е негова трета голема победа. Прво добил 250.000 долари (183.000 американски долари), а потоа 100.000 долари (73.000 американски долари), двата пати во 2018 година.
„Бигер спин“ е игра од десет канадски долари каде главната награда е најмалку 500.000 долари, а најголемата е милион. Последната награда Антал ја добил на Денот на вљубените, а вкупно од игри на среќа заработил 900.000 канадски долари (660.000 американски долари), пренесува новости.рс.