Парис Хилтон навистина знае како да ја шокира јавноста.
Таа конечно го објави целото име на нејзиниот син, а тоа е Феникс Барон Хилтон Реум. А за причината зошто му го дала тоа име, таа рекла:
„Се одлучив за ова име пред неколку години. Кога барав градови, земји и држави на мапата, барав нешто да оди со Париз и Лондон. Феникс (град во Америка) има некои добри референтни точки на поп културата, но што што е уште поважно, тоа е птица која се крева од пепелта за повторно да лета. Сакам мојот син да порасне знаејќи дека триумфот и катастрофата минуваат низ нашите животи, а тоа треба да ни даде голема надеж за иднината“.
Но, тоа не е она што ја шокираше јавноста, туку фактот дека нејзината мајка цела недела не знаела дека има внук:
„Никому не кажавме цела недела, ниту мајка ми, ниту сестра ми – никој не знаеше дека момчето е родено. Сакав тоа да биде работа само моја и на Картер. Нашето заедничко патување. Затоа што чувствувам дека целиот мој живот е јавен и никогаш не сум имал шанса да имам нешто што е само мое.
Беше толку тешко да го задржиме за себе затоа што сакавме целиот свет да знае колку сме возбудени. Но, никому не кажавме, бидејќи ако кажеме на една личност, тоа веднаш завршува на насловните страници ширум земјата“, објаснила Парис, објавувајќи серија фотографии со нејзиниот син на својот Инстаграм профил.
Публиката била шокирана од фактот што таа не и кажала на родената мајка дека има дете. „Тоа само потврдува во каков однос се двете“, велат фановите во коментарите под оваа вест.
Парис никогаш не криела дека има потешкотии во комуникацијата со родителите. Имаше се, но не разбирање. Поради несоодветно однесување, семејството ја сместило во престижно училиште во Јута, каде што немала контакт со надворешниот свет.
„Бев дете, ме фрлаа во самица, ме тепаа, ме понижуваа и ме гледаа гола. Немавме приватност дури и за време на туширањето, а потоа ги надгледуваше персоналот. Бевме постојано понижувани и мачени“, рече тогаш Парис.
Меѓутоа, таа ја преживеала оваа тортура и се вратила во реалниот свет посилна од било кога. Многумина велат дека таа била и останува главен предводник на млади и арогантни богаташи кои не знаеле што да прават со парите и лудилото.
Сепак, се чини дека Парис ја најде својата среќа. Сега има маж и син, а се уште живее како да нема обврски на светот. Посетувајќи забави, присуствувајќи на настани, Парис живее како да има дваесет години.
Пронашла млад милионер, се омажила за него и си ја исполнила големата желба – да стане мајка. А каков е Реум како татко? Па, се зборува дека тој веќе има ќерка од претходната врска, но дека ја видел само еднаш, иако детето веќе има 10 години.