Карл Едвард Томи Боргуд, попознат по прекарот Слим, познатиот возач на Формула 1 и тапанар на легендарниот бенд АББА, почина на 77-годишна возраст по долго и тешко боледување.
Боргуд уште од мали нозе покажал огромен талент и за музика и за возење, а според многумина, еден од најлудите и најшарените возачи во историјата на „најбрзиот циркус на светот“, успеал да го постигне наизглед невозможното.
Неговото пријателство со Бјорн Улвеус, основачот на АББА, му овозможи да влезе во Формула 1 на 34-годишна возраст, како ветеран на автомобилскиот спорт во тоа време.
Боргуд успеа да освои фантастично шесто место и еден поен во крајно неконкурентниот АТС болид на познатиот Силверстоун во 1981 година. Но, тоа беше се за таа сезона, неговиот понатамошен настап во болидот не беше премногу успешен, пренесува Informer.rs.