Пејачот Ацо Пејовиќ е во брак со сопругата Билјана со која имаат три ќерки. Сепак, во нивните животи не било сѐ идеално, бидејќи таа преживеала вистинска агонија пред неколку години, кога здравјето сериозно ѝ било нарушено.
Во една прилика, тој со солзи се присети на животната драма кога Билјана била на работ на смртта.
-Билјана беше здрава жена, никогаш немаше проблеми, не ни знаеше дека има аневризма. Тоа е како еден балон кој се создава на крвниот сад. Таа тоа го имала уште од раѓање и тоа две на очните аорти. Три дена се жалеше на главоболка, но немаше нешто невообичаено. Тој ден само се „срушила“ во амфитеатарот пред студентите додека држела предавања и веднаш ја однеле во Ургентниот центар. Тоа чекање таму, јас засекогаш ќе го паметам. Тоа се грди сцени кои човек мора да ги гледа. На секој половина час изнесуваат по едно тело во црни кеси, само седиш и чекаш и ти проаѓа низ глава дека може да излезе докторот и да ти рече „тоа е тоа“. Јас имам мнгу пријатели доктори со кои се дружам, тогаш им се јавив и тие веднаш дојдоа да помогнат. Јас тогаш воопшто не знаев што е тоа аневризма. Една млада докторка која ме внесе внатре делуваше неискусно, но не ѝ замерувам. Таа рече, да се прашува таа, тогаш би ја оставила Билјана да ја следи до утре што 100 отсто ќе беше кобно за неа, бидејќи таа веднаш мораше да се оперира. Потоа дојде мојот пријател и доктор Зоран и бргу ја префрлија на Неврохирургија. Таму ја пречека д-р Тасиќ и јас денес сум му благодарен како на брат – раскажа пејачот.
Тој додаде дека таа вечер нема никогаш да ја заборави и дека целата српска естрада била покрај него.
„Тогаш сфатив кои ми се вистински пријатели. Толку сила ми дадоа, не знам уште кој не беше со мене во болница – Аца Лукас, Цеца, Брена, Ана Бекута…Имаше околу 150 луѓе, 70 отсто од нив беа од естрадата. Се сеќавам, кога тргнаа да ја водат Билјана на операција им се јавија на моите деца да ја видат, бидејќи тоа можеше да биде последен пат како ја гледаат. Операцијата траеше шест и пол часа, ние бевме до 7 наутро на Ургентно – раскажа Пејовиќ додавајќи дека по операцијата почнала нова борба за животот на Билјана.
„Беше ужасно кога ја видов како лежи без коса, со рани. После таквиот ужас, беше тешко да им се објасни на децата кои се можните сценарија. Не дозволував на никој да доаѓа дома, сакав да бидам сам со своите деца. Ги гушкав и им кажував дека би можеле да останеме без мама. Сепак, сето тоа помина, некако издржавме. Првата вечер од стрес или можеби и од нешто друго, се случи најстарата ќерка да добие труење. Средната имаше прблем со забот, а најмалата имаше покачена температура. Се јавив на доктор за да ѝ даде инфузија на најстарата ќерка, а кога таа легна, отидов во собата и се молев Билја да не умре и да не ме остави“, сподели Пејовиќ.
Тој откри и колку ѝ било тешко на неговата сопруга да закрепна, но истакна дека семејството цело време било покрај неа.
„Три месеци по операцијата траеше нејзината борба. Првиот месец зборуваше неповрзано, луѓето после вакво искуство учат повторно да одат и да зборуваат. Таа многу сака музика па ѝ пуштав песни од Дино Мерлин. Кога можеше да стане, танцувавме во болничката соба. Сепак тие три месеци од нејзиниот живот се избришани од нејзината меморија. Кога си дојде дома не знаеше каде се наоѓа. Постојан зборуваше неповрзано, јас често се јавував на доктрот за да ми каже дали е тоа нормално. Многу пати одев во црква и се молев, мислам дека тоа многу ми помогна, таму наоѓав мир. Кога виде како изгледа таа беше во шок и ни рече „дали гледате на што личам, па зошто барем не ми ги средивте и веѓите“. Ние се смеевме и ѝ рековме дека бевме загрижени дали ќе преживее“, откри пејачот.
Тој истакна дека оваа ситуација многу ги променила.
„Беше многу тешко, ќе се загушев од сопствените солзи бидејќи животот ми се промени преку ноќ. Сепак, не дозволував постојано да се плаче. Најмалата ќерка ѝ рече на мајка ѝ дека не ја сака, па потоа се обидувавме да протолкуваме зошто рекла такво нешто. Сега кога веќе е порасната ни призна дека тоа го рекла во афект, затоа што тогаш за неа тоа значело дека мајка ѝ сака да ја остави. Многу пати реков, вакво искуство не би му посакал ниту на најголемиот душман. Целата таа грижа, честите будења во текот на ноќта, стресот при секое ѕвонење на телефонот…Во тие моменти најважно е да бидеш прибран и да се бориш, да не потклекнеш. Мислам дека неа ја спаси љубовта и молитвата на сите луѓе кои се грижеа за неа – објасни пејачот.
„Од тогаш променив многу работи, имаше некои луѓе со кои не зборував, но ја псуштив топката и се смирив со сите нив. Им пружив рака и мислам дека простувањето е една врвна христијанска особина и треба да простуваме. Животот е премногу краток за да го користиме за омраза – додаде Пејовиќ.