Академијата за филмски уметности и науки создаде кризен тим по минатогодишниот инцидент без преседан, кога актерот Вил Смит му удри шлаканица на водителот Крис Рок на сцената за време на Оскарите.
-Поради минатата година, отворени сме за многу работи што можат да се случат на Оскарите – изјави за Тајм извршниот директор на Академијата Бил Крамер. Доделувањето на престижната награда ќе се одржи на 12 март.
-Имаме цел кризен тим, нешто што досега не сме го имале. Водевме многу сценарија. Значи, се надеваме дека ќе бидеме подготвени на се што можеби нема да можеме да го предвидиме во моментов, но планираме во случај да се случи – објасни Крамер, нагласувајќи дека тоа што овогодинешната награда ќе ја води Џими Кимел е веќе еден вид заштита. Познатиот водител и комичар беше домаќин на наградите во 2017 и 2018 година.
Затоа сакате на сцена некој како Џими, кој е навикнат да се занимава со преноси во живо. Работите не одат секогаш според планот. Затоа, имаме водител кој навистина може да ги режира и управува тие моменти – додаде тој и се осврна на минатогодишната награда, посочувајќи дека властите можеле побрзо да дејствуваат кога се случил инцидентот.
Зошто Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок – Забранетите шеги кои биле кажани во погрешно време и на погрешно место