Судот во Зајечар му одреди 30-дневен притвор на М.Н. (25) од Власотинце, кој е осомничен за убиство на двегодишно девојче.
М.Н. е осомничен за кривичното дело тешко убиство, потврди за Танјуг портпаролката на Судот. Осомничениот на денешното сослушување во Обвинителството се бранел со молчење, по што е предложено и да му биде одреден притвор. Прелиминарната обдукција на телото на двегодишното девојче покажала дека детето имало смртоносни повреди на главата и на црниот дроб.
Писмениот наод од вештачењето со мислење и заклучок од Заводот за судска медицина во Ниш се уште се чека.
Инаку, покрај очувот, уапсена е и неговата вонбрачна сопруга Ј.Т. (23) од околината на Заечар. Мајката на детето е уапсена поради постоење основи на сомнение дека извршила кривично дело занемарување и запуштање на малолетно лице. М.Н. се сомничи дека вчера повеќе пати по главата и телото ја удирал двегодишната ќерка на неговата вонбрачна сопруга, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Детето било пренесено во Здравствениот дом во Заечар каде им подлегнало на повредите.