Актерката Шенон Доерти стана најпозната по улогата во серијата Беверли Хилс. Иако таа и претходно глумеше во други серии и филмови, популарноста ја стекна благодарение на улогата на симпатичната тинејџерка, Бренда.
Позната е и по насмевката која не ја симнува од лицето, меѓутоа зад неа се крие болна приказна. Имено, актерката уште од 2015 година се бори со ракот на дојка. Напорите на лекарите да ја излечат без мастектомија и агресивни третмани не беа успешни, па ракот се прошири и на лимфните жлезди. Поради тоа актерката помина бројни третмани и терапии вклучувајќи мастектомија, хемотерапија, зрачење и операција, па во 2018 година бее објавено дека е излечена. Ракот се повлече по агресивните третмани и нејзините резултати беа чисти.
Во 2020 година се дозна дека актерката повторно има рак. Таа ја чуваше информацијата во тајност, но потоа отворено зборуваше за тоа.
-Повторно имам рак, стадиум 4. Метастазираше во моето тело и знам што значи тоа. Многу пати се прашував: „Зошто јас?“, а потоа си велам: „Зошто не јас?“. Тешко ми е“ – изјави тогаш актерката.
Во еден момент Шенон ја изгуби надежта дека ќе преживее, па детално го испланира својот погреб. Имено, таа тогаш откри дека почнала да пишува проштални писма, но и да снима видеа кои сака да им ги остави на своите блиски, но и дека нашла песна со која сака да ја испратат. Се работи за попесната „Tears in Heaven“, која важи за една од најголемите балади во историјата на рокенролот, а актерката одлучила и во што сака да биде закопана.
„Знам во што сакам да одам на другиот свет. Подготвив фустан што го добив од една од моите најдобри пријателки пред неколку години. Се чувствувам посебно во него. Сакам да бидам убава. Сакам да останам во најубаво сеќавање. Последниве месеци се обидував да поправам некои врски, да им се извинам на луѓето што ги повредив – свесно или несвесно. Се трудам да го живеам животот максимално и да уживам во ова малку време што ми преостанува“, изјави актерката.
И покрај сѐ, Шенон го отфрли негативниот однос кон целата ситуација и реши да се бори како лавица која се однесува како ништо да не се случува. Минатата година таа се појави во емисијата „Добро утро Америка“, каде изненади многумина со својот оптимистички став.
„Не сакам да се однесувам како да умирам. Сакам да работам и да се однесувам како ништо да не се случува бидејќи ќе се борам да останам жива”, изјави тогаш Шенон.
„Многу луѓе на кои им е дијагностициран четвртиот стадиум на болеста едноставно се отпишуваат. Тие претпоставуваат дека веќе не можат ништо, дека не можат да го дадат својот максимум, а тоа не е точно. Посакувам да можев да ги сменам тие мисли и дај ми шанса да докажам дека не е во ред“, објасни таа. Актерката се фотографираше, а по хемотерапијата изгледаше многу исцрпено.
И покрај тешкотиите и исцрпната борба, Шенон не се откажа и со својот пример испрати силна порака до другите луѓе кои ја водат најтешката битка во животот – Никогаш не треба да се откажувате, колку и да е тешко! Затоа што на крајот од тунелот секогаш има нешто свето!
Шенон го докажа тоа, а денес можеме да ја видиме насмеана и здрава. Судејќи по фотографиите кои папараците успеваат да ги снимат, Шенон ги врати ведрината и сјајот во животот!
Извор: stil.kurir.rs