Земјотрес со интензитет од 7.2 степени е регистриран во источниот дел на Таџикистан.
Потресот се случил во 05:37 часот по локално време на длабочина од околу 20,5 километри. Потоа следувале уште неколку потреси, кои исто така биле силни.
Епицентарот бил во автономната област Горна Бадакшан, што се граничи со Авганистан и Кина. Таа територија е ретко населена и е опкружена со огромниот планински венец Памир.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат вознемирени луѓе кои биле на аеродромот во моментот на земјотресот. Луѓето во паника почнале да бегаат од аеродромот и во еден момент работите почнале да паѓаат.
Објавено е и видео снимено во стан во моментот на земјотресот. Тоа покажува дека земјотресот бил многу силен.