Од денеска ќе профункиционира локомотивата со број 462-002, која била вон употреба повеќе од пет години, информираа денеска од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.
За поправка на оваа локомотива биле заштедени 500.000 евра, со тоа што, се наведува во соопштението, е извршена потребната поправка со сопствени капацитети што ги поседуваат.
-Денеска сме тука да прославиме еден од нашите успеси, по цели шест месеци посветеност. Нашата работа и визија беше ова, со максимална посветеност на секои 5-6 месеци да пуштиме во употреба локомотива која со години и години беше нефункционална. Ставањето во функција на оваа локомотива ќе ги зголеми нашите приходи, се посочува во соопштението од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.