Во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп денеска се упатени дојави за бомби. Пријавите се пристигнати на електронските адреси на училиштата.
– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.
Вчера дојави за бомби освен во училишта имаше и во институции, хотели, згради и трговски центри во Скопје.