Братот на американската актерка Хајден Панетијер, Џенсен Панетијер почина на 28-годишна возраст, објави списанието Пипл.
Имено, братот на актерката е пронајден мртов во Њујорк, а причината за смртта е непозната. Џенсен е пет години помлад од Хајден и тој тргна по стапките на својата сестра, па имаше повеќе филмски и ТВ улоги. Хајден не се огласи на социјалните мрежи во врска со смртта нa нејзиниот брат, а оваа трагедија е голем удар за неа.
Инаку, Хајден предизвика голем интерес во јавноста поради проблемите со поранешниот сопруг Владимир Кличко со кого има ќерка.
Хајден и Кличко беа најбизарниот пар во Холивуд, а потоа ја добија ќерката Каја. Владимир и Хајден имаа турбулентна врска со неколку раскинувања, а се почна во 2009-та година. Тие се запознале додека биле на промоција на книга на заеднички пријател и тоа било љубов на прв поглед.
„И покрај тоа што одлучивме дека раскинувањето е најдобриот потег за нас двајцата, ние имаме многу љубов и почит еден за друг и ќе останеме многу блиски пријатели“, истакнаа тие во заедничкото соопштение. Нивната разделеност траеше кратко и неколку месеци подоцна тие се смирија, а во 2013-та беа снимени како разменуваат нежности на плажа на Флорида. Потоа беа снимени и за време на нивните заеднички излегувања, по што следуваше и нивната свршувачка.
И покрај се’, нивната љубов не опстана, па потоа имаше шпекулации дека актерката се жалела на насилство. Меѓутоа, тоа се покажа како неточно.
Познато е дека Хајден кратко време откако прекина со Кличко, почна врска со агентот за недвижнини Брајан Хикерсон. За нивната врска многу се пишуваше во медиумите, бидејќи полицијата интервенирала неколку пати поради насилство кон актерката.
Брајан ја нападнал пред две години на Денот на вљубените, а полицијата тогаш соопшти дека таа имала оток на лицето и гребаници на рацете. Тогаш, Хајден обвини дека нејзиниот партнер ја ударил во лицето. Нападот го пријавиле соседите кои виделе дека Брајан нервозн се движи низ дворот откако актерката го исфрлила од куќата. Кога дошла полицијата Брајан ѝ удрил шамар, а потоа Хајден на полицајците им признала дека тој ја тепал и претходните денови.
„Ова е многу тешка ситуација од која Хајден мора некако да се ослободи. Нејзиниот живот е во хаос и мора да се ослободи од проблематичното момче. Никој не знае зшто и понатаму е во врска во која се чувствува лош“, открил лани извор близок до актерката.
Владимир во тие денови се обидувал да ѝ помогне, но таа одбивала помош.