„Шкода фелиција“ удрила во полициско возило, кое било паркирано, бидејќи полицијата вршела увид за друг настан на автопатот Куманово – Табановце, соопшти денеска СВР Куманово.
Во сообраќајната несреќа повредени биле возачот на „шкодата“ и тројца негови сопатници, меѓу нив и малолетно лице.
– Вчера во 20: 50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Табановце, патничко моторно возило „шкода Фелиција“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(41) од село Никуљане, Куманово, удрило во службено возило на МВР, кое било паркирано поради вршење на увид за друг настан. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“, сопатниците Р.Б., А.Б, и еден малолетник, констатирани во општа болница Куманово, соопшти СВР Куманово.
И регионалниот центар за управување со кризи, пренесе информација од Итна помош Куманово која интервенирала на автопатот во близина на „Бедински мост“. Итната помош интервенирала врз жена која паднала во бессознание.
– Пријавено било од дежурната служба од СВР Куманово, по укажаната лекарска помош, лицето е префрлено во Ургентен центар Куманово на понатамошно лекување, соопшти РЦУК Куманово.
Екипа од СВР Куманово извршила увид во сообраќајката. Сообраќајот на оваа делница, вчера беше во прекин.