„За 10 години напорна, но пред се убава работа, за твојата верност, лојалност, посветеност на работата што ја постигна, како подарок за тебе во знак на внимание! Со здравје да го возиш“ , ова е честитката што ја придружувал необичен подарок, автомобил, кој и беше доделен на готвачката во позната кафана во Врање.
Нејзиниот работодавец, ресторанот Ивица Цветковиќ вели дека долго време го планирал ова мало „изненадување“, бидејќи готвачката Јована неодамна положила возачки испит.
Денес лојалните и вредни работници се вистинска реткост, Јована не само што е вработена кај нас, таа е пријателка и соработничка која е многу важна алка во нашиот бизнис, па ова е најмалку што можевме да направиме за да ја направиме среќна за првата деценија работа – рекол Цветковиќ.