Во некои земји не се двоумат да удрат по возачите кои ги прекршуваат сообраќајните прописи, односно оние кои прават сериозни прекршоци.
Очигледно разбраа дека само остри мерки и болен удар во паричникот успеваат во борбата против непочитувањето на законот и загрозувањето на другите учесници во сообраќајот.
Една од земјите кои се одлучија за прилично оригинален начин на казнување е Летонија. Имено, оваа балтичка држава ги конфискува возилата фатени во сериозни прекршоци и ги испраќа во Украина за да и помогне на тамошната армија која веќе една година се справува со руската агресија.
Планот го обелодени летонскиот премиер Артурс Кришјанис Кариш, на иницијатива на Министерството за финансии на оваа земја, кое во моментов ја подготвува програмата за реализација. Идејата потекнува од движењето познато како „Твитер конвој/Агенда на НВО“, кое, според Бизнис инсајдер, веќе испорача повеќе од илјада автомобили на украинската армија.
„Им недостасуваат автомобили за да продолжат да прават добри дела со ист интензитет“, рече портпаролот, додавајќи дека верува дека одземањето автомобили од пијани возачи во Летонија ќе помогне во иницијативата. Согласно законите во оваа земја, автомобилите ќе им бидат одземени на возачите кои имаат повеќе од 1,5 промили алкохол во крвта.