Познатиот шпански готвач Хорди Круз, чиј ресторан во Барселона има три Мишелин ѕвезди, се присети на една анегдота со Бил Гејтс која го оставила без зборови него и целиот персонал во ресторанот.
-Пред неколку години во ресторанот дојде Бил Гејтс. Со него дојдоа и неговите 25 телохранители, придружба… Бил го резервира целиот ресторан, само за нив. Ние му го подготвивме најдоброто. А знаеш ли што направи Бил? Нарачал диетална кока-кола и се вратил во својот приватен авион, рече Круз.
Не проба ништо? – праша водителот на емисијата во која гостуваше готвачот.
„Ништо“, одговорил готвачот, кој поради Гејтс ги блокирал резервациите во ресторанот два дена.
Потегот на Гејтс го налути него, како и неговиот персонал кој направи детални подготовки за беспрекорно да ги пречека милијардерот и неговата придружба.
-Дали навистина треба да го затворите целото место за да пиете сок – прашал готвачот.