Младешки насмевки, возбуда и парче торта на вториот роденден на Европската куќа во Струмица, која за својот роденден младите ги дочека и со “𝑫𝒊𝒈𝒊𝒕𝒂𝒍 𝑾𝒂𝒍𝒍 𝒐𝒇 𝑾𝒊𝒔𝒉𝒆𝒔”, на која присутните имаа можност да ги напишат своите “𝑺𝒌𝒊𝒍𝒍𝒔 𝒐𝒇 𝒕𝒉𝒆𝒊𝒓 𝑫𝒓𝒆𝒂𝒎𝒔” и да дискутираат.
Центарот е место каде младите луѓе кои спроведуваат настани со европски карактер, учат за ЕУ и создаваат нови вештини и знаења.
Активностите ја инспирираат младата генерација да биде информирана, отворена и активна на различни полиња и притоа слободно да ги изразува своите ставови. Центарот ги поканува младите граѓани кои го обликуваат нашето општество и го поттикнуваат растот додека ги зачувуваат принципите на ЕУ, рече на настанот градоначалникот Костадин Костадинов.
Европската куќа во Струмица беше домаќин на Штефен Худолин, вршител на должност амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Скопје, кој заедно со младите го славеше овој специфичен простор специјализиран за потребите на младите од градот и поширокиот регион. Прославата продолжи во градската Галерија каде беа изложени уметнички дела и рачно изработените маски од Струмичкиот карневал. Средношколците од угостителско туристичката струка во СОУ”Димитар Влахов”-Струмица ги покажаа своите вештини, угостувајќи ги присутните со коктел, кој го приготвија учениците.