Проверките по дојавите за бомби во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг покажале дека станува збор за лажни дојави, соопштија од МВР. Продолжуваат антитерористките проверки во преостанатите објекти кои пријавиле дека нивните електронски адреси утрово пристигнали закани за бомби.
-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со проверките во останатите објекти за кои беше добиена пријава и по завршувањето на проверките соодветно ќе ја информираме јавноста, стои во соопштението.
До МВР утрово пријави за добиени заканаи за експлозивни направи на нивните електронските адреси пријавијавиле од Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на Претседателот-Вила Водно, х. Мериот, х. Александар Палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и ФФМ. Исто така добиена е пријава за упатена закана и од 11 училишта во Скопје. Од полициски службеници се преземени мерки веднаш по добиените пријави, и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Вчера, дојави за поставени експлозовни направи пристигнаа на електронските адреси на 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и кај четири во Прилеп, за кои по спроведените антитерористички проверки е утврдено дека станува збор за лажни пријави.