Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека Србија во рок од 48 часа ќе го потпише првиот договор со Обединетите Арапски Емирати за набавка на т.н. самоубиствени дронови од таа земја.
Вучиќ додаде дека „се надева“ дека за пет до шест месеци првите српски самоубиствени беспилотни летала ќе пристигнат во српските вооружени сили.
– Во рок од 48 часа ќе го потпишеме првиот договор со ОАЕ за купување на нивните самоубиствени беспилотни летала и тие многу брзо ќе бидат на територијата на Србија, рече Вучиќ на IDEX, саем за оружје и воена опрема што се одржува во Абу Даби.
Таканеречените „самоубиствени“ дронови се мали и преносливи беспилотни леталакои носат боеви глави и детонираат при удар.
Вучиќ додаде дека во наредните денови очекува ескалација на конфликтот во Украина, што, според него, уште повеќе ќе ја отежне позицијата на Србија.