Приказната за највисоката жена на светот која откри како нагло почнала да расте, наиде на воодушевување кај многумина, додека пак највисокиот човекот во Гана ја надмина со висина од неверојатно 2,92 метра.
Имено, Сулејман Абдул Самед стана многу популарен во Гана и каде и да оди сите сакаат да се фотографираат со него, а тоа е благодарение на неговата невообичаена висина од речиси три метри. Тој важи за највисок човек на светот, но постои мал проблем бидејќи никој не може со сигурност да тврди дали справата која болницата ја користи за мерење покажува точни резултати.
На Сулејман пред неколку години му е дијагностициран гигантизам и од тогаш секој месец оди на редовни контроли. Меѓутоа на последниот преглед се случила неочекувана ситуацијата. Тој бил повисок од вагата во ординацијата, а зачудената сестра веднаш го повикала колегата.
Тој предложил да земат столб, да го закачат на врвот на вагата и со него да се обидат да ја измерат висината на Сулејман, пишува Yahoo news.
Токму поради овој нестандарден метод на мерење, никој не може со сигурност да каже дали навистина е висок 289 сантиметри. Веста за Сулејман брзо се прошири низ земјата, па поради тоа многумина застануваат и го поздравуваат на улица. Исто така, тој не може да вози автомобил бидејќи неговите нозе се толку големи што го спречуваат правилно да го држи воланот, па дури и да влезе во автомобилот. За да влезе во куќата, мора целосно да го свитка грбот бидејќи рамката на вратата е прениска за него.
Кога го измериле експертите, се испоставило дека е висок 223 сантиметри, што е многу помалку од она што го кажале лекарите во болницата.
Иако сегашниот рекорд го држи маж од Турција кој е висок 247 сантиметри, Сулејман не е загрижен и вели дека се надева дека еден ден ќе го претекне.
„Сè уште растам. Кој знае, можеби еден ден ќе ја достигнам таа висина. На секои три до четири месеци можете да видите промена во мојата висина“, вели тој.