Љубовната приказна на актерскиот пар Слобода Мичаловиќ и Воин Четковиќ е како од филм, а тие се во брак веќе 15 години. Круна на нивната љубов се близначките Вера и Мила кои ги добија во 2010-та година.
Меѓутоа, љубовниот пар долго ги чекаше своите најмили. Имено, нивните обиди за потомоство со години биле неуспешни, по што дознале за чудотворната лоза на Хиландар. Оваа емотивна приказна беше откриена во една телевизиска емисија пред неколку години, кога беше раскажана од нивен семеен пријател. Интересно е што удел во сето тоа имал и нивниот колега, Иван Босиљчиќ.
„Нашата позната актерка Слобода Мичаловиќ доби близначки со помош на чудотворната лоза од Хиландар. Таму ја однел колегата Иван Босиљчиќ, бидејќи Слобода и Воин четири години не можеле да имаат деца. Потоа ги добија близначките Вера и Мила“, откри нивниот семеен пријател.
Актерот Босиљчиќ важи за голем верник исто како и неговата сопруга, пејачката Јелена Томашевиќ со која ја имаат ќерката Нина. И покрај тоа што никогаш не зборуваше за борбата за потмство, Слобода со улогата на Симка маестрално го долови ликот на жена чија животна мисија е да стане мајка.
„Симка е единствена жена во српската книжевност, комплексна и слоевита. Улогата ми дојде во вистински момент, кога се работи за мојата актерска зрелост. Симка е сведок на една семејна несреќа. Голема работа е тоа што РТС се потруди да поддржи ваков скап проект. Денес се губи чувството за убаво и за естетика, чувството за морал, а тие се борат да опстанеме како нација. Без култура и образование не можеме ни да мрднеме“, изјави Слобода своевремено за српски Курир.
За потсетување, кога Слобода остана бремена таа имаше комплицирана бременост и мораше да мирува. Во тој период актерката ги откажа своите работни обврски и деновите во бременоста ги помина одмарајќи се.
„Јас сум прва во мојата фамилија која добила близнаци. Иако длабоко во душата тоа многу го посакував, бев во шок по неизвесноста која дојде со близначката бременост. Тато уште од почеток сакаше ќерката и желбата му беше двојно остварена“, изјави Слобода.