Новата функција, наречена Meta Verified е новата услуга за платена претплата до 14,99 долари месечно што ќе им овозможи на корисниците на Facebook и Instagram да ги потврдат своите сметки. За почеток, се опфатени корисниците од Австралија и Нов Зеланд.
Извршниот директор Марк Закерберг го објави ова во текот на викендот.
Функцијата Meta Verified им овозможува на корисниците да добијат „сина потврда“, дополнителна заштита од сметките кои тврдат дека сте тоа вие и да добијат директен пристап до поддршката за корисници, рече Закерберг во објавата на неговиот профил на Фејсбук.
Услугата за претплата ќе чини 11,99 долари за веб пристап или 14,99 долари месечно за оперативните системи на Apple iOS и Android.
Технолошкиот гигант Мета е тешко погоден од промените во приватноста направени од Apple во 2021 година, кои ја ограничија неговата способност да ја следи интернет активноста на корисниците – клучен извор на податоци за таканаречените „таргетирани“ реклами. Минатиот февруари, Мета посочи дека промената на Apple ќе го чини повеќе од 10 милијарди долари загубени приходи од реклами за 2022 година, или околу 8% од вкупните приходи во 2021 година.