Американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет воена помош за Украина за време на неговата ненадејна посета на украинскиот главен град Киев. Овој пакет вклучува муниција HIMARS, системи Javelin, муниција, противтенковски системи и системи за воздушна контрола во износ од околу 500 милиони долари. Тој го посочи ова на брифингот со неговиот украински колега Володимир Зеленски, каде Бајден, исто така, ја коментираше обврската за испорака на повеќе од 700 тенкови, како и оклопни возила и артилериски гранати во Киев.
Зеленски рече дека преговорите биле „многу плодни“ и оти посетата на Бајден ќе влијае на бојното поле и плановите за ослободување на земјата.
-Разговаравме и за прашањето за ракетите со долг дострел и оружјето што досега не и’ беше доставено на Украина“, рече украинскиот лидер.
Тој додаде дека со Џо Бајден разговарале и за Трибуналот за воени злосторства против Русија, како и за мировната формула од 10 точки за Украина, главно вклучувајќи го повлекувањето на Русија од окупираните зони во Украина, вклучувајќи го и Крим.
Како што е најавено оваа недела во ОН ќе се разговара за мировниот план на Украина. Генералното Собрание ќе гласа за резолуција со која се одбележува една година од почетокот на војната.
Навраќајќи се една година наназад, Џо Бајден посочи дека многу добро се сеќава на првите минути од рускиот напад, кога Зеленски побарал од него да ги повика светските лидери да ја поддржат Украина.
-Една година подоцна, Киев се држи, Украина се држи, демократијата се држи. САД се зад вас, светот е зад вас. Никогаш нема да заборавам кога ми кажа дека слушаш експлозии во твојот двор“, рече американскиот претседател.
На почетокот на посетата на Џо Бајден на Украина беше објавена воздушна тревога. Бајден се очекуваше да пристигне во посета на Полска на 21 февруари, а се шпекулираше дека можеби ќе се сретне и со украинскиот претседател. Зеленски накратко одби да коментира, објаснувајќи дека не добил покана да оди во Полска.
Во декември, украинскиот претседател беше во САД. Тоа беше негова прва посета надвор од Украина од почетокот на војната.