Еден Американец развил „неконтролиран ирски акцент“ откако му бил дијагностициран рак на простата, иако никогаш не ја посетил Ирска, велат истражувачите.
Еден маж од Северна Каролина, кој имал 50-ти години, можеби имал синдром на странски акцент (ФАС), пишува Си-Ен-Ен, иако никогаш не ја посетил Ирска или имал семејство таму.
Случајот беше заеднички проучуван и пријавен од Универзитетот Дјук во Северна Каролина и Центарот за уролошки истражувања Каролинас во Јужна Каролина.
-Според нашите сознанија, ова е прв случај на ФАС опишан кај пациент со рак на простата и трет опишан кај пациент со малигнитет – велат авторите на извештајот.
Иако немал абнормалности на невролошки преглед или историја на психијатриски нарушувања, истражувачите се сомневаат дека оваа промена е предизвикана од состојба наречена паранеопластично невролошко нарушување (ПНД), кое се јавува кога имунолошкиот систем на пациентите со рак напаѓа делови од нивниот мозок, како и мускулите, нервите и ‘рбетниот мозок.
-Неговиот акцент бил неконтролиран – велат истражувачите во својот извештај, додавајќи дека акцентот првпат се појавил 20 месеци по почетокот на лекувањето и останал до смртта на пациентот.
Неколку слични случаи се пријавени низ светот во последниве години, а еден од првите пријавени случаи се случил во 1941 година кога една Норвежанка развила германски акцент откако била погодена од шрапнел од бомба за време на воздушен напад од Втората светска војна.
Локалните жители подоцна ја избегнуваle бидејќи мислеle дека е нацистички шпион.