Задоволни сме од работната група за измена на законите за полесна набавка на лекови – изјави за агенцијата МИА, претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар, по денешната средба во Министерството за здравство.
– Работната група составена од претставници на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, од јавни набавки, како и од Владата, работи брзо и посветено. Се работи на промена на трите закони. Како Асоцијација, ова е тоа што го баравме и засега, сметаме оти процесот ќе има позитивен исход, посочи Гаспар.
Тој повтори дека се работи на системско решение, не само за нив, туку и за други проблематики како нивните.
– Мојата надеж е дека нема да излезат многу препреки и оти за брзо време ќе се излезе со предлог-закон што ќе може да оди во Собрание, додаде Гаспар.
Тој потсети дека со интервентниот увоз на лекот „трикафта“, неопходен за лицата со цистична фиброза, нема проблеми, тој е порачан, а сега се чека компанијата да ја заврши нејзината работа