Фудбалерите на турскиот Трабзонспор во првиот натпревар по катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија славеа над Базел во плејофот од конференциската лига.
За време на овој дуел, навивачите на трибините развирија транспарент на кој беше прикажан рудар кој спасува дете од урнатините, како и кучето Протео кое загина спасувајќи животи на луѓе во Турција.
Секако сцена за која цела планета зборува со многу емоции.
Малиот херој од Мексико, кучето по име Протео, кое беше испратено во Турција да помогне во спасувачките операции во кои беа пронајдени три лица под урнатините во Турција, почина во неделата додека трагаше по преживеани, соопшти мексиканското Министерство за одбрана.
Протео беше дел од тимот од 150 луѓе кои дојдоа во Турција од Мексико. Тој одигра важна улога во спасувањето од под урнатините во разурнатиот турски град.
Кучето и неговиот тим барале преживеани по урнатините кога врз него се урнал дел од зградата и го затрупал. Иако веднаш го извлекле од урнатините, а потоа се обиделе да го оживеат, несреќното куче немало спас.
Ова куче сигурно ќе остане запаметено како херој кој го жртвувал својот живот за да им помогне на луѓето, пренесува Курир.рс