Почна протестот на ЗНМ и ССНМ насловен како марш за одбрана на новинарското достоинство.
-Бараме почит за новинарската професија, никој не смее да не потценува и навредува. Новинарството е јавно добро, кое не припаѓа ниту на Владата, ниту на опозицијата, ниту на партиите, ниту на газдите на медиумите, туку на новинарите и новинарките. Затоа условите во кои работиме мора да бидат достоинствени, рече меѓу другото, Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ на протестот пред Влада.
-Не молчевме кога се обидуваа да создадат страв, нпротив создадоа џин, а тоа сме ние. Да бидеме јасни и да укажеме што бараме. Една од причините е да ја кренеме свеста во каква состојба се наоѓаат новинарит, се помалку кадар, ниски плати. Повеќе од итно е да се донесат решенија за подобрување на состојбата, со кој работодавците ќе добијат квалитет а ние сигурност. Бараме услови а не милостина. Слушајте не нас а не оние кои не напаѓаат, рече председателот на ССНМ, Павле Беловски
Од пред Влада, маршот на новинарите ќе продолжи пред Собрание.