Резултатите од едно американско истражување во врска со опасните последици по здравјето од УВ ламбите за сушење на гелот на ноктите, наидоа на загриженост кај многумина. Последиците биле видливи веќе по дваесетина минути од користењето на ваква ламба во една тест-варијанта.
Како да го зачувате здравјето на рацете и ноктите и за кого гел лакот воопшто не е препорачлив?
„Најголемата опасност се крие во тоа што ултравиолетовото зрачење има кумулативен ефект – ефектите се „собираат“ во текот на долгогодишната примена“, вели д-р Предрад Мајчан. Овој дерматовенеролог објаснува дека УВ зраците се толку моќни што тие се употребуваат и за лекување, но под услови кои се исклучително многу контролирани.
„Зраците се најопасни за оние делови од телото кои во текот на целата година се изложени на овие зраци – лицето, пределот на деколтето и дланките“, изјави д-р Мајчан.
Ефектите се различни во зависност од возраста и другите карактеристики.
„На пример, црвенокосите луѓе, како и луѓето со светол тен се под поголем ризик“, објасни тој.
Според него, дерматолозите сметаат дека употребата на овие ламби треба да биде органичена.
Козметичарката Даниела Вукојевиќ пак, вели дека УВ ламбите сѐ повеќе се исфрлаат од употреба и се користат ЛЕД ламби.
„И кај УВ ламбите има поместувње, тие сега го сушат лакот за 30, па дури и за само 5 секунди, а претходно зрачењето траеше и по три минути“, вели таа додавајќи дека според неа, ЛЕД ламбите се безбедни, како и лаковите со нивните состојки.
Сепак, д-р Мајчан потсетува дека ефектите од некои производи па дури и од лековите може да се откријат дури за 15 или 20 години од употребата и зата треба да се има внимателност. Тој предлага примената на гел лаковите да биде ограничена.
И докторот и козметичарката се согласни дека третманот со гел лак би требало да биде забранет за девојките помлади од 18 години. Даниела вели дека гел лак веќе ставаат и девојчиња на 12-годишна возраст.
„Такво нешто никогаш не би му дозволила на своето дете и тоа не го одобрувам. Меѓутоа, родителите понекогаш се немоќни пред трендовите за убавина“, додава таа.