Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска демантира дека новиот роман на писателот Петар Андоновски, министерството не го поддржало поради освета.
Таа на денешниот брифинг на новинари даде образложение за сите реакции, кои како лавина се шиера на социјалните мрежи по објавување на резултатите од конкурсите во повеќе културни области.
-Министерството за култура оваа година одлучи дека неговото дело „Страв од варвари“ треба да се преведе на албански јазик, да се зголеми бројот на публиката. Значи еден проект поддржала, а друг не. Тој е долги години поддржуван од министерството, но овој пат така одлучила комисијата, која немала влијание од мене. Што значи дека не е лична одмазда, дека министерката некаде го слушала и сега му се одмаздува, рече министерката и додаде дека оваа година имале околу 1200 проекти.
Ви врска со поддржаниот проект, пак, Андоновски рече:
-За превод на книга преведувачот се смета за автор, така што авторот Петар Андоновски не добил поддршка туку добил преведувачот. И да, секако дека ми значи преводот на албански јазик на мојот роман затоа и сум се согласил да биде преведен и на овој јазик, напиша тој на својот Фејсбук профил.