Саудиска Арабија е избрана за домаќин на Светското клупско првенство кое ќе се одржи кон крајот на оваа година од 12 до 22 декември – одлучи Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), одобрувајќи, притоа, проширување на форматот oд 2025.
На завршниот турнир во Саудиска Арабија, како и досега, ќе настапат седум екипи – шест континентални прваци плус шампионат на земјата домаќин.
Извршниот одбор на ФИФА даде зелено светло за измени во структурата на Светското клупско првенство, одобрувајќи проширување на турнирот со 32 екипи почнувајќи од 2025 година.
Европа ќе добие 12 места, Јужна Америка шест, додека Африка, Азија, Северна и Централна Америка и Карибите по четири претставници. Едно место е резервирано за Океанија, а уште едно за домаќинот.
МИА