По информацијата дека ќе добие 300.000 денари од Минситерство за култура за да организира концерт и по бурните реакции денес, вечерва преку својот Фејсбук профил се обрати и Цветанка Ласкова.
-Не ме изненадува реакцијата на Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ исполнета со навреди, омаловажување и невистини упатени кон мене. Не им е прв пат. Чувствувам обврска кон јавноста да објаснам дека јас, Цветанка Ласкова, не конкурирав за одбележување на 50 години од мојата музичка кариера .Тоа беше идеја на продукциското студио ,, ,, City Sound” DOOEL- Skopje, кое ми се обрати со предлог за концерт, преку моето творештво како интерпретатор, да се опфати 5 деценискиот развој на македонската фолк и поп музика. Овој проект го прифатив со чест и задоволство, но и покрај одличната идеја, заради својот мир, инсистирам организаторот на проектот, да ги врати одобрените средства во Министерството за култура, напиша таа.